İdris Okuducu
15 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
КИРКУК (АА) – Во момент кога има сериозни дискусии за военото присуство во Ирак, се тврди дека САД испратиле засилувања во нивната воена база К1, во Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Мехди Бајатли, одговорен за северната област на Хашди Шаби, што главно се состои од шиити, кој вооедно е поврзан со Владата на Ирак, на прес -конференција одржана во Киркук истакна дека САД испратиле тешко оружје и оклопни возила во воената база К1.
Бајатли, истакнувајќи дека бројот на војниците на САД во Киркук е ист со бројот на војниците во базата „Ајнул Есед“ во Енбар, рече дека раководството на Багдад побарало образложение за причината за присуството на војниците во градот.
Бајатли, исто така, информираше и за тоа дека американските војници неколку пати патролирале во околината на Киркук и во селата околу Хавиџе.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 26 декември, за време на неговата посета на воената база „Енбер“, без да бидат запознаени официјалните лица на Ирак рече дека американските сили нема да ја напуштат земјата. Трамп во изјавата дадена подоцна нагласи дека американските војници, на границата меѓу Ирак-Сирија, ќе ги набљудуваат активностите на Иран.
По таа изјава на Трамп, ирачките шиитски лидери блиски до Иран, уште пожестоко реагираа на присуството на САД во земјата.
Коалицијата Саиру, предводена од шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр, групата Фетих предводена од лидерот Хади ел-Амири, познат по неговата блискост со Иран, и коалицијата Држава на законот на поранешниот премиер Нури ал-Малики во јануари го подготвија нацрт-законот кој предвидува отстранување на САД и другите странски сили од земјата.
Американското воено присуство во Ирак
САД, од окупацијата во Ирак во 2003 година до декември 2011 година присуствуваа со околу 165 илјади војници. Од тој датум, по инструкциите на американскиот претседател Барак Обама ги повлекоа сите војници од Ирак.
Но, по појавувањето на терористичката организација ДЕАШ на 10 јуни 2014 година, на повик на ирачкиот премиер Нури ал-Малики, САД повторно ги испратија своите војници во Ирак.
Според последните податоци објавени од страна на Стејт департментот на САД, во согласност со стратешкиот договор потпишан меѓу двете земји во 2014 година во Ирак има повеќе од 5000 американски војници.