Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
08 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Според информации добиени од локални извори, терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжува да киднапира деца од териториите во Сирија кои се под нејзина окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
ЈПГ/ПКК киднапираше вкупно 4 деца, од кои две девојчиња во градот Ајнулараб (Кобани), кој го окупира овој месец и областите Камишли и Дирбасије, во Хасека, североисточниот дел на земјата.
Нема информации за 14-годишниот Џуди Омер од Камишли, 15-годишниот Диџвар Џума од Кобани, 15-годишното девојче Лина Халаф од селото Тел Керем во областа Дирбасија и 14-годишно девојче Џаклин Ејуп од Кобани.
Терористичката организација исто така минатиот месец киднапираше најмалку 4 девојчиња на возраст меѓу 11-17 години.
ЈПГ/ПКК во Сирија идеолошки им ги пере мозоците на децата што ги киднапира и им обезбедува обука за користење на оружје.
- Родителите сакаат нивните деца да бидат ослободени -
Некои од сириските семејства чии деца се киднапирани од страна на ЈПГ/ПКК не можат да зборуваат за состојбата на нивните деца затоа што се плашат од организацијата. Некои од семејствата, пак, реагираат на нивните профили на социјалните мрежи и сакаат нивните деца да бидат ослободени.
Дара Дари, таткото на 11-годишната Ронида, која беше киднапирана на 20 јуни во местото Амуде во подрачјето на Хасека, на објавата на својот профил на Фејсбук напиша: „Тие насила ја зедоа мојата ќерка, нејзината мајка е болна и дење и ноќе плаче за својата ќерка.“
Даика Џихан, мајката на 15-годишната Џихан Сулејман, која беше киднапирана на 5 јуни, во видеото што го сподели на својот профил на социјалните мрежи вели: „Не успеваме да стапиме во контакт веќе 25 дена. Не знаеме како се случи да ја однесат. Дознавме дека организацијата ја киднапирала нашата ќерка.“
Таа во видеото исто така бара нејзината ќерка да биде ослободена.
- Користењето на децата од страна на ЈПГ/ПКК како борци се рефлектира во извештаите -
Во Извештајот за трговија со луѓе од 2020 година, објавен од страна на американскиот Стејт департмент на 26 јуни, пишува дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ги тера децата да војуваат.
„ЈПГ продолжи да ги користи и присилува да војуваат 12-годишни девојчиња и момчиња кои ги киднапира од бегалските кампови во северозападна Сирија“, се нагласува во Извештајот.
Во својот извештај објавен на 16 јануари, Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) сподели нови сознанија дека терористите на ЈПГ/ПКК ги користат децата како борци во Сирија.
Од друга страна, Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на Генералниот секретар на ОН за деца и вооружени конфликти на 29 јуни 2019 година во Женева со официјална церемонија потпиша договор со еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Ферхат Абди Шахин, со кодното име „Мазлум абди“ за да се ослободат децата борци кои се наоѓаат во организацијата.
Сепак, не се објавени извештаи од ОН или други меѓународни институции дека децата се ослободени.