Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АЛ БАБ
Пет цивили ги загубија животите, додека 18 цивили се повредени при експлозија на автомобил бомба во областа Ал Баб во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомбата што е детонирана била поставена во возило во центарот на областа Ал Баб, која е исчистена од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“.
Според првите проценки, во терористичкиот бомбашки напад 5 цивили го загубиле животот, а 18 се повредени.
Пожарникарите што пристигнале на местото на настанот интервенираат за да се изгасне пожарот, а ранетите лица се пренесени во болниците во Ал Баб.
Постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.
По експлозијата, настаната е голема материјална штета, а голем број возила не се во употреблива состојба.
Локалните безбедносни сили, кои спроведуваат истрага на местото на настанот, ја потенцираат можноста нападот да го извршила терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под окупација ги држи регионите Тел Рифат и Мунбич, често организира терористички напади во регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.