Seif Eddine Trabelsi,Afra Aksoy
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
СИРТ (АА) - Најмалку 30 војници загинаа, а 50 се повредени во терористички напад кој терористите на ДАЕШ минатата ноќ го извршија во Сирт, либиски град на Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен од терорист на ДАЕШ кој активирал автомобил-бомба, а цел на нападот бил конвој на либиските владини сили.
Од Канцеларијата за односи со јавноста на либиската влада е соопштено дека членовите на ДАЕШ извршиле напад врз воен конвој кој се движел кон градот Сирт, на местото Буерат ал-Хасун, на 90 километри оддалеченост од градот.
Според првичните информации во нападот загинале најмалку 30 лица, а повредени се 50 војници. Меѓу повредените има неколку животно загрозени, па се стравува дека билансот на жртвите може да се зголеми.
Терористичката организација во Либија делува од почетокот на минатата година, а првиот брутален терористички чин е извршен на 13-ти февруари во Сирт кога беа погубени 21 египетски христијанин.
Сирт од мај минатата година е под контрола на терористите на ДАЕШ.