Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
25 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ПРАГА (АА) - Во налет на торнадо во Чешка повредени се најмалку 150 лица, а причинета е значителна материјална штета на многу станбени објекти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Противпожарната бригада во Јужна Морава се наведува дека материјална штета настанала во најмалку седум села. На терен се испратени спасувачки екипи.
Во торнадото повредени се најмалку 150 лица.
Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, соопшти дека ќе биде формиран кризен штаб за погоденото подрачје.
Марек Бабис, помошник-градоначалник на општината Хруски, една од најтешко погодените општини, рече дека торнадото целосно уништило половина од населбата.
„Останаа само sидовите на куќите. Однесени се покривите на црквата и на училиштето, а како резултат на торнадото превртени се и со векови старите дрвја. Ситуацијата е застрашувачка“, истакна Бабис.
Меѓу повредените е и возач на камион со потекло од Турција.