Safvan Allahverdi
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, сакал да се сретне со него, но дека тој засега ја одбил средбата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп во интервјуто за американскиот телевизиски канал „Аксиос“ (Axios) даде оцена на тензиите помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Венецуела.
Трамп изјави дека нема никаква поврзаност со Хуан Гваидо, кој со поддршката на поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, се прогласи за привремен претседател во Венецуела.
„Може и со него и без него, но јас сум крајно против тоа што се случува во Венецуела“, рече Трамп.
Наведувајќи дека Гваидо е избрана личност, Трамп рече дека не гледа многу позитивно на него.
„Некои го сакаат, некои не го сакаат. Според мене и обете страни немаат многу смисла“, додаде тој.
На прашањето како гледа на можниот разговор со Мадуро, Трамп рече: „Мадуро сака да се сретнеме и јас не сум против средби. Јас засега ја одбив средбата. Можам да го оценам ова.“