Elena Teslova
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помош на рускиот претседател Владимир Путин во гаснењето на шумските пожари во Сибир, соопшти Кремљ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во телефонски разговор на иницијатива на Вашингтон, Путин му се заблагодарил на Трамп и притоа рекол дека Москва ќе прифати помош доколку таа биде потребна.
Путин го информирал Трамп дека руските воздушни сили веќе се на терен за да го забрзаат процесот на гаснење на пожарите.
„Рускиот претседател, овој чекор на американскиот претседател го оцени како гаранција дека во иднина ќе биде можно целосно обновување на односите меѓу двете држави. Претседателите на Русија и САД се согласија дека ќе продолжат да ги одржуваат контактите преку телефон, но и во живо“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Шумските пожари во Русија се проширија на околу три милиони хектари шума и за неколку региони е прогласена вонредна состојба.
Состојбата е особено опасна во регионот на Иркутск и Краснојарск, каде што пожарот се прошири речиси до населените места.
Путин побара од војската да помогне во гаснењето на пожарот.
Пожарите на тоа подрачје прво избувнаа во март и мај, но поради сушното лето, повторно се активираа.