Muhammet Nusret Altun
31 Јули 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
КОЛОМБО (АА) - По терористичките напади во април оваа година, Шри Ланка на туристите од околу 50 земји ќе им дозволи едномесечен престој во земјата, но без наплата на трошоците за виза, пренесува Anadolu Agency (AA).
По нападите беше забележан пад на туристите кои доаѓаат во посета на Шри Ланка, па Владата одлучи да воведе олеснувања за да привлече поголем број гости.
Министерот за туризам, Џон Амаратунга, изјави дека од четврток ќе стапи на сила одлуката за неплаќање на визите за туристите од околу 50 земји, кои доаѓаат во Шри Ланка деловно или туристички.
Оваа мерка ќе важи шест месеци.
Според податоците, во јули оваа година, во однос на истиот период минатата година, забележан е пад на туристите од 45 отсто. Досега државјаните на јужноазиските земји ја плаќаа визата 20 долари, а останатите 35 долари.
Шри Ланка минатата година ја посетија 2,3 милиони туристи, а по нападите во април оваа година некои авиокомпании ги откажаа своите летови.
Шест бомбаши самоубијци извршија напади во Шри Ланка во кои загинаа 290 лица, а повеќе од 500 беа ранети.
Цел на бомбашките напади извршени на 21 април беа три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, и три луксузни хотели во главниот град на Шри Ланка, Коломбо. Седмата експлозија одекна кај Зоолошката градина во Коломбо, а осмата во местото Дематогода на периферијата на Коломбо.
Одговорност за нападите презеде терористичката организација ДЕАШ.