Gülşen Topçu
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
КАИРО (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе го преиспитаат планот за запирање на воената помош за Египет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателите на САД и на Египет, Трамп и Абдел Фатах ал-Сиси, се состанаа на маргините на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, по што истакнаа дека билатералните односи меѓу Вашингтон и Каиро се на завидно ниво.
Египетските медиуми пак јавуваат дека Трамп потврдил оти САД сигурно ќе го ревидираат својот план за запирање на воената помош за Египет.
Повикувајќи се на неименувани извори од Белата куќа, агенцијата „Reuters“ (Ројтерс) минатиот месец ja објави одлуката на официјален Вашингтон дека на Египет нема да му исплатат 95,7 милиони долари, а да се одложи и исплатата и на вториот дел од 195 милиони долари.
Станува збор за помош за Египет, за кој САД се обврза со мировниот договор од Кемп Дејвид, со што во 1979 година беше ставен крај на војната меѓу Израел и Египет. Согласно договорот, САД годишно на Египет му обезбедуваат вкупно 1,5 милијарди долари помош, од кои 1,3 милијарди се воена помош.