Dildar Baykan
27 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а во рамките на разговорот повика на дијалог помеѓу Турција и Грција во контекст на напнатоста на Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, во пишана изјава соопшти дека Трамп денеска телефонски разговарал со Мицотакис.
Во изјавата е наведена загриженоста на американскиот претседател Доналд Трамп поради сѐ поголемата напнатост во Источниот Медитеран, помеѓу НАТО-сојузниците Турција и Грција.
„Трамп уште еднаш подвлече дека Грција и Турција мораат да останат посветени на дијалогот како единствен пат преку кој може да се надминат разликите“, порача Дир.
Нагласено е дека Трамп и Мицотакис разговарале и за важни билатерални и регионални прашања.