Dildar Baykan
15 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја опиша како „скандал“ снимката на американскиот канал „Еј-би-си“ (ABC), која е направена за време на презентација на оружје, а каналот ја објави како да е снимена во текот на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што напредува операцијата „Извор на мирот“ така на социјалните мрежи и во медиумите се пласираат фотографии и видеоснимки настанати во некои потполно поинакви ситуации, со цел ширење дезинформации и манипулирање со јавноста.
Американскиот претседател Трамп реагираше за снимката на каналот „Еј-би-си“ на која се гледа силна експлозија во текот на презентацијата на оружјето, а каналот ја пласираше како да се работи за видеозапис од операцијата „Извор на мирот“.
„Голем скандал на вестите на „Еј-би-си“. Тие беа откриени како објавуваат навистина страшна лажна снимка за бомбардирањето на Турција во Сирија. Вистински срам“, напиша Трамп на својот твитер-профил.
- Снимката ја претставија како „масакр во Сирија“ -
Каналот „Еј-би-си“ (ABC) ја пласираше ја пласирашеснимката на која се гледа силна експлозија, направена во текот на презентација на оружје, како да се работи за видеозапис снимен во текот на турската операција на северот од Сирија. Меѓутоа, видеоснимката користена на тој американски канал е направена во 2017 година во САД, за време на презентација на оружје. Исто така, каналот „Еј-би-си“ пред да го искористи видеозаписот, со монтажа ги отстрани луѓето од снимката кои со мобилни телефони го снимале моментот на експлозијата.
Откако лагата излезе на виделина, „Еј-би-си“ изјави дека снимките што ги објавиле како да се снимени на сириската граница, се отстрануваат бидејќи има „сомневање за нивната точност“ и дека „жалат поради грешката“.