Diyar Güldoğan
24 Јануари 2024•Ажурирај: 24 Јануари 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир, победувајќи ја поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, пренесува Анадолу.
Според Асошиејтед прес, кратко по затворањето на последните избирачки места, со нешто повеќе од половина преброени гласови, Трамп имал околу 54 отсто, додека Хејли 45 отсто од гласовите.
Се предвидува дека Трамп ќе има најмалку 12 делегати, а Хејли девет.
И покрај резултатите, Хејли вети дека ќе продолжи со кампањата пред нејзината родна држава Јужна Каролина да излезе на гласање на 24 февруари.
„Оваа трка е далеку од завршена. Остануваат уште десетици држави, а следна е мојата слатка држава Јужна Каролина“, рече таа пред толпата и му честиташе на Трамп за неговата победа.
Иако досега гласаа само две држави, победата на Трамп на прелиминарните избори вчера ја нагласи неговата доминација во партијата.