Emre Aytekin
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина традицијата долга речиси 20 години, на приредување ифтар во Белата куќа на последниот ден од месецот на муслиманскиот пост Рамазан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на Би-Би-Си (BBC) се наведува дека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, оваа година не организираше ифтар во Белата Куќа каде последните тројца претседатели веќе 20 години традиционално организираат ифтар во пресрет на празникот Рамазан Бајрам на кој се поканети претставници на муслиманската заедница.
Наместо да бидат домаќини на годинешниот прием, претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп, одлучија да присуствуваат во сабота вечерта на свадбата на секретарот за финансии, Стивен Мнучин, кој се ожени за шкотската актерка, Луис Линтон.
Американските муслимани реагираа со објави преку Твитер против одлуката на Трамп за неорганизирање на ифтар.
„Томас Џеферсон беше првиот претседател кој организираше ифтар во Белата куќа во 1805 година, а Обама е последен“, објави Ахмеднасир Абдулахи, корисник на Твитер.
Друг корисник на социјалната мрежа Твитер, Фада, на својот профил напишал: „Трамп ја прекрши традицијата на ифтар на Белата Куќа. Веќе нема и рамазанска прослава. Како и да е, барем еднаш видовме доследно однесување“.
Иако организирањето ифтари во Белата Куќа датира од периодот на Џеферсон, првиот традиционален ифтар во блиска иднина беше организирана во 1996 година во периодот на Бил Клинтон. Оваа традиција беше продолжена и во периодот на Џорџ В. Буш, како и на поранешниот претседател Барак Обама.
Трамп претходно предизвикуваше реакции поради неговите антимуслимански реторики и практики.
Претседателот на САД за време на изборната кампања тврдеше дека џамиите во САД треба да се следат од страна на безбедносните структури. Тој една недела откако дојде на претседателската функција потпиша контроверзен претседателски декрет со кој се забранува влез во САД на државјаните на седум земји со мнозинско муслиманско население.