Dildar Baykan
01 Август 2020•Ажурирај: 02 Август 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе потпише указ со кој се забранува користењето на кинеската платформа на социјалниот медиум „TikTok“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По неговата посета на државата Флорида, Трамп во авионот на враќање во главниот град Вашингтон даде изјава за медиумите.
Истакнувајќи дека долго време ги разгледувале мерките што треба да се преземат против „TikTok“, Трамп рече: „Ќе го забраниме ‘TikTok‘ во САД“.
Американскиот претседател рече дека во моментот на сила се економските мерки за итна состојба и додаде дека за забраната на платформата „TikTok“ или ќе ги искористи овие мерки кои се на сила или ќе потпише указ.
Исто така, тој додаде дека постои можност одлуката да се официјализира во сабота.