Hamdi Yıldız
08 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
БЕЈРУТ
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на конференцијата за поддршка за Либан која ќе се организира во Париз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер ја потврди претседателството на Либан.
Во ова соопштение се вели дека Трамп телефонски разговарал со либанскиот претседател Мишел Аун до кого упатил сочувство.
Според соопштението, Трамп истакна дека САД ќе испратат материјали за итна помош со цел солидаризирање со либанскиот народ.
Во соопштението се наведува дека Трамп ќе учествува на конференцијата за поддршка за Либан која ќе се организира во Париз, и дека за време на разговорот, Трамп бил информиран за билансот на починати и материјална штета во експлозијата во Бејрут.