Mahmut Atanur
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
ЏАКАРТА
Се случи експлозија во вулканот Синабунг кој се наоѓа на индонезискиот остров Суматра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за вулканологија и намалување на геолошки катастрофи (PVMBG).
Во соопштението се нагласува дека исфрлениот пепел и чад од овој вулкан достигнал до височина од 2.000 метри.
PVMBG упати предупредување да не се вршат активности во околината на вулканот.
Мухаме Нурул Асури, надлежно лице од ова подрачје, упати предупредување до граѓаните на Наман Теран, Берастаги, Симпанг и Мердека, да носат маски против дождови од пепел.
Вулканот Синабунг беше активиран во 2010 по околу 400 години, додека во експлозиите кои се случија во 2014 и 2016 година загинаа 23 лица.
Во Индонезија се наоѓаат 130 активни вулкани.