Associated Press
02 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
БЕРЛИН
Германската полиција соопшти дека три лица се полесно повредени во Келн откако се погодени со стрели од пикадо, најверојатно со помош на дувало, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во соопштението наведе дека градежен работник, случаен минувач и вработен на градската корпорација за јавен превоз се полесно повредени откако се погодени со стрели долги неколку сантиметри во близина на градскиот плоштад „Барбаросаплац“.
Неколку полициски тимови вршат истрага и се во потрага по сторителите. Од можните сведоци побарано е да стапат во контакт со полицијата во Келн.