Dejan Maksimoviç
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
ПАРИЗ (AA) –Големи мерки на осигурување имаше околу "Stade de France" воочи рагби натпреварот помеѓу Франција и Италија во натпреварувањето на "Six Nations." Беше тоа првиот спортски настан на националниот стадион по терористички напади на 13 ноември во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај фактите дека пред нешто помалку од три месеци на "Stade de France" терористите изведоа еден од неколку своите синхронизирани напади, меѓу гледачите кои дојдоа на рагби дуелот владееше опуштена и мирна атмосфера.
Десетици илјади навивачи кои одлучиле да дојдат на "Stade de France" беа под будно око на париската полиција. Зголемени се безбедносни контроли на надземните и подземните возови, како и автомобили. Сопствениците на автомобилите се предупредени дека секое непропишано возило во близина на стадионот ќе биде острането.
"Не можам да се сетам ниту на еден меч со такво обезбедување. Овој натпревар се одигра во многу посебни контексти"; рече за локалните медиуми Роберт Брузард, шефот на безбедност на Францускиот рагби сојуз.
Споредните улици околу стадионот се потполно блокирани, а секој навивач до влегување на трибината помина две контроли. Првата бариера е поставена на 50 метри од стадионот и таа полиција ги прегледува торбите и врши контроли. Подетален преглед ги чекаше на влезната порта, каде се користени и металните детектори.
Меѓу присутните на рагби натпреварот беше и Франсоа Оланд, претседателот на Франција, кој на 13 ноември е евакуиран додека го гледаше натпреварот помеѓу репрезантациите на неговата земја и Германија.
Во терористичките напади во Париз на 13 ноември загинаа 130 луѓе.