Ahmed Asmar
17 Јануари 2024•Ажурирај: 17 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца Палестинци загинаа денес во напад на израелски дрон врз автомобил во близина на бегалскиот камп Балата на северниот дел на Западниот Брег, објави палестинската новинска агенција Вафа, пренесува Анадолу.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека успеала да стигне до местото откако израелските сили се повлекле од областа и извлекле тело на едно момче.
„Израелските сили ги држеле телата на младите момчиња заедно со возилото пред да се повлечат од областа“, објави новинската агенција.
Претходно, израелската војска упадна во бегалскиот камп Балата и изврши рација во неколку домови во кампот, што доведе до судири.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако Израел ја започна смртоносната воена офанзива против Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш во окупираниот Западен Брег убиени се најмалку 355 Палестинци, а речиси 4.000 се повредени од оган на израелската војска, според бројките објавени од Министерството за здравство.