Beyza Binnur Dönmez
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Шпанија прими 6,1 милион странски туристи во април, што е речиси десеткратен скок од пред една година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националниот завод за статистика на Шпанија соопшти дека има значително опоравување на туризмот по пандемијата на Ковид-19, но дека бројките сè уште не се на нивото пред пандемијата. Во април 2019 година, Шпанија ја посетиле 7,14 милиони туристи.
Бројот на туристи е за 869,8 отсто поголем од бројот регистриран во април 2021 година, кој беше нешто повеќе од 629.200.
Податоците на Заводот за статистика покажаа дека странските туристи во Шпанија во април потрошиле 6,9 милијарди евра, што е огромен скок од 668 милиони евра колку што потрошиле истиот месец минатата година.