Diyar Güldoğan
16 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот кинески колега Си Ѓинпинг се сретнаа денеска во Самарканд, Узбекистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата на двајцата лидери зад затворени врати се одржа на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (SCO). Не беа објавени дополнителни информации за средбата.
Ердоган ќе присуствува на 22. состанок на Советот на шефови на држави на Организацијата како специјален гостин, при што Туркије за првпат ќе учествува на претседателско ниво откако Анкара го доби статусот партнер на ШОС во дијалогот во 2012 година.
Подоцна, тој се очекува да се обрати на втората сесија на Самитот и да оствари билатерални средби со лидерите, вклучително и со неговиот руски колега Владимир Путин.
Основана во 2001 година, оваа осумчлена организација има за цел да ги зајакне пријателските, добрососедските односи и меѓусебната доверба меѓу земјите членки.