İsa Toprak
08 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
БЕЈРУТ
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, реализира посета на либанскиот главен град Бејрут, јавува Агенција Анадолија (АА).
Октај на аеродромот „Рефик Харири" беше пречекан од страна на Министерот за надворешни работи на Либан, Шарбел Вехбe, амбасадорот на Турција во Бејрут, Хакан Чакил и претседателот на АФАД, Мехмет Ѓулуоглу.
Турскиот потпретседател во оваа посета е придружуван од страна на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Во овие рамки, Октај ќе се состане со либанскиот претседател Мишел Аун, претседателот на либанскиот парламент Небих Бери и либанскиот премиер Хасан Дијаб.
По официјалните средби, Октај ќе го посети пристаништето каде се случи експлозијата, додека ќе ги испитува и активностите на АФАД и турската Црвена полумесечина кои нудат помош во оваа зона.