Barış Gündoğan
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа шест терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на профилот на Министерството за одбрана на Турција на социјалната мрежа Твитер, се наведува дека е извршена уште една успешна операција од страна на командосите во областа „Извор на мирот“, северна Сирија.
Исто така се нагласува дека се неутрализирани шест терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да нападнат за да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност во областа.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.