Fatma Bülbül
25 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили соопштија денес дека се уништени вкупно 140 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи и воени штабови, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската армија додаде дека во рамките на операцијата неутрализирани се и 12 терористи на ДЕАШ во сирискиот град Ал Баб.
Армијата соопшти дека двајца борци на Умерената сириска опозиција загинале при судир со терористите на ДЕАШ.
Турската армија ги поддржува силите на Умерената сириска опозиција во ослободувањето на Ал Баб од ДЕАШ, стратешки град за терористичката група. Вчера беше 123 ден откако градот беше опколен со цел негово ослободување.
Операцијата е дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ предводена од Турција, што започна кон крајот на август со цел подобрување на безбедноста, поддршка на коалициските сили, како и елиминирање на заканата од тероризмот по должината на турската граница.
Од започнувањето на операцијата „Штитот на Еуфрат“, турските тимови за уништување на експлозивни направи неутрализираа 2.261 рачно изработени експлозивни направи и 42 мини во областите расчистени од ДЕАШ.