Cemil Murat Budak
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 13 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка за напад во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашите командоси им зададоа уште еден тежок удар на терористите“, се вели во соопштението.
„Преку успешната интервенција на Турските вооружени сили, неутрализирани се 13 терористи на ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка за напад во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија“, се додава во ова соопштение.