Servet Günerigök
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американските трупи започнаа со патроли во североисточна Сирија, потврди воен официјален претставник денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Овие патроли започнаа откако турската Армија гранатираше неколку позиции на терористичката ПКК/ЈПГ во подрачјето минатата недела. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК.
Портпаролот на Пентагон, полковникот Роб Манинг, изјави дека патролите почнале во петокот заедно со т.н. Сириски демократски сили (СДГ).
„Иако нема утврдено временски распореди за овие специфични патроли или нивната редовност, овие патроли ќе ни овозможат на нас, Турција, и на нашите партнери СДГ, да ја одржиме сигурноста и безбедноста на регионот“, изјави Манинг.
За комбинираните заеднички патроли кои започнаа со турската Армија во Мунбич, Манинг изјави: „Овие патроли и нашите постојани напори за намалување на тензиите ќе ни овозможат да се фокусираме на нашата цел за обезбедување траен пораз на ДЕАШ“.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.