08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
РАБАТ (АА) - Мароканците денеска гласаат на парламентарните и локалните избори во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според дописникот на АА, гласачките места се отвориле во 8:00 часот по локално време.
Во Мароко регистрирани се 17.983.490 избирачи со право на глас, од 36-те милиони жители во земјата, кои ќе го дадат својот глас во 92 изборни области распределени во 12 покраини.
Партијата на правдата и развојот, која ја предводи актуелната Влада и Националниот сојуз на независните, коалиција предводена од министерот за земјоделство, Азиз Ахануч, се двете главни партии кои се борат за места во 395-члениот Претставнички дом, првиот дом на Парламентот.
Партијата за автентичност и модерност, најголемата опозициска партија и опозициската партија Истиклал, исто така, се појавија како избирачка сила во земјата.