Mehmet Tosun
02 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кои извршиле обид за инфилтрирање во зоната каде што беше извршена операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се нагласува дека Турските вооружени сили (ТСК) не дозволиле и нема да дозволат терористичката организација ПКК/ЈПГ да го наруши спокојството и безбедната средина во зоната каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.
Исто така, се истакнува дека во овие рамки, турските командоси ги преземаат сите мерки во регионот.
Според соопштеното, турските командоси го спречиле обидот за инфилтрирање во оваа зона, при што неутрализирале тројца терористи на ПКК/ЈПГ.