Merve Yıldızalp
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ПКК/ЈПГ, соопшти Министерството за одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани додека се подготвувале да изведат напад во регионот на операцијата ‘Извор на мирот’, објави Министерството за одбрана на Турција.
Во соопштението се наведува дека одлучно ќе продолжи борбата против терористите.
Во 2016 година Турција започна неколку успешни антитерористички прекугранични операции во Сирија, со цел да се спречи формирање терористички коридор и за обезбедување безбедна средина за враќање на раселените. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Терористичката организација ПКК води кампања против Турција, која трае повеќе од 35 години. Турција, САД и Европската Унија ја сметаат ПКК за терористичка организација, одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи, жени, деца и новороденчиња. Терористичката организација ЈПГ е сириски огранок на ПКК.