Esat Fırat
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
ЕРУСАЛИМ
Стотина фанатични Евреи во придружба на израелската полиција влегоа во дворот на комплексот „Ал Акса“ во стариот град на окупираниот Источен Ерусалим (Ал Кудс), известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата на исламски вакуфи „Ал Кудс“ се наведува дека група од 105 фанатични Евреи упаднале во „Ал Акса“ преку влезот „Ал Магарибе“ на југозападниот дел од комплексот.
Групата Евреи, што биле под заштита на израелската полиција, излегоа од „Ал Акса“ по прошетката во дворот на комплексот.
Се проценува дека фанатичните Евреи попладнево повторно ќе продолжат со упади во „Ал Акса“.
Упадите на фанатичните Евреи во комплексот „Ал Акса“ често предизвикаат ескалација на тензиите на тоа подрачје.
За муслиманите „Ал Акса“ претставува трето најважно светилиште, по Месџид ел-Харам во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина, а Евреите сметаат дека на тоа подрачје некогаш постоеле два еврејски храма.
Комплексот „Ал Акса“, што се простира на 15% од површината на старото јадро на Ал Кудс (Ерусалим), е под израелска окупација, а претставува точка на соединување на трите најголеми светски религии.