Aylin Dal
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека неутрализирани се шест терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за одбрана соопштија дека командосите неутрализирале шест терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во подрачјето за да го нарушат мирот и безбедноста на тој регион.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.