Zuhal Demirci
01 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
АНКАРА (AA) – Со товарен авион кој од Вухан во Кина ќе бидат превезени државјаните на Турција и уште неколку земји, во рамките на борбата против епидемијата на корона вирусот, испратена е значителна опрема, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) се наведува дека медицинската опрема ќе им биде врачена на кинеските функционери.
Авионот превезува и хуманитарна помош која Турската агенција за медицинска соработка и координација (ТИКА) и турското Министерство за здравство ја испратија во Кина.
Во големата мисија на евакуација учествува и медицинскиот персонал вклучувајќи експерти епидемиолози.
Во товарниот авион кој полета од Турција, меѓу другото, натоварени се 93.500 заштитни маски со филтер и илјада еднократни заштитни костуми и илјада костуми за заштита од биолошка опасност.
Со авионот на турските сили од Вухан ќе бидат евакуирани вкупно 49 лица кои по доаѓањето во Турција ќе бидат задржни во 14-дневен карантин во специјално опремена болница во Анкара.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека од Кина ќе бидат евакуирани 34 државјани на Турција и по седум државјани на Азербејџан и Грузија и еден државјанин на Албанија. Додаде дека ниту на еден од тие патници не му е дијагностицирано заразување.
Билансот на смртно страданите во епидемијата на смртоносниот коронавирус во Кина порасна на 213 лица.
Националната здравствена Комисија на Кина соопшти дека во оваа земја се потврдени 9.692 случаи на воспаление на белите дробови предизвикано од новооткриениот коронавирус (2019-nCoV).
Десетици случаи на заразување со коронавирусот се потврдени и во Тајланд, Јапонија, Сингапур, Австралија, Малезија, САД, Франција, Германија, Северна Кореја, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, Канада, Виетнам, Италија, Непал, Камбоџа, Шри Ланка, Финска и Индија.
Опасниот коронавирус прв пат се појави во кинескиот град Вухан, а Одборот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација (СЗО) епидемијата на коронавирусот ја прогласи за глобална опасност.