Mustafa Deveci
31 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во интервенција на израелските сили на протестите организирани на Западниот Брег поради наводниот мировен план на Доналд Трамп ранети се тројца Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинците по петочната молитва (џума-намаз) организираа протести на неколку локации на Западниот Брег, меѓу кои и во бегалскиот камп „Ал Аруб“.
Израелските сили против демонстрантите користеа солзавец, гумени куршуми, но и боева муниција, а Палестинците возвраќаа со камења.
Локалните извори соопшти дека на влезот во градот Ерихон, биле повредени двајца Палестинци, а еден во Јорданската Долина.
Последиците од солзавецот ги осетија голем број демонстранти.
Протестите на Западниот Брег и понатаму траат.