Ahmed Asmar
29 Август 2024•Ажурирај: 30 Август 2024
РАМАЛА (АА) – Најмалку 17 Палестинци се убиени во оган на израелската армија во текот на воената операција на северот на Западниот Брег што започна вчера, соопшти Црвената полумесечина, јавува Анадолу.
Во соопштението се вели дека утринава уште еден Палестинец е убиен во Источен Џенин.
Претходно петмина Палестинци беа убиени од оган на израелската армија во џамија во бегалскиот камп Нур Шамс во северниот град Тулкарем.
Според Министерството за здравство, најмалку 17 Палестинци се убиени од почетокот на израелската операција што вчера во утринските часови.
Тензиите низ окупираниот Западен Брег се зголемени поради бруталната израелска офанзива врз Појасот Газа, во која од 7 октомври досега загинаа повеќе од 40.500 Палестинци, главно жени и деца.
Според палестинските податоци, оттогаш на окупираниот Западен Брег се убиени најмалку 670 Палестинци, а речиси 5.400 се повредени.
Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи за незаконска повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел и побара евакуација на сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.