Safiye Karabacak
29 Август 2024•Ажурирај: 31 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на Палестинци убиени во нападите што израелската армија ги изврши врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.602, известува Анадолу.
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа се дадени информации за нападите на Израел врз Појасот Газа во текот на 328 дена.
Израелската армија извршила четири масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, во кои се убиени 68 Палестинци, а 77 се повредени.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 40.602, а повредени се 93.855.
Во соопштението се додава дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но дека медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не се во можност да стигнат до телата поради препреките од израелските сили.