Bahtiyar Abdülkerimov
01 Јули 2022•Ажурирај: 02 Јули 2022
КИЕВ (АА) - Седумнаесет лица загинаа, а 31 се повредени како резултат на два ракетни напади на Руската армија во подрачјето на Одеса во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Братчук, истакна дека во двата ракетни напади на Руската армија врз Одеса, според првите сознанија, животот го загубиле вкупно 17 лица, а 31 лице се повредени.
Братчук рече дека во првиот напад на Руската армија 14 лица ги загубиле животите, а 30 лица се повредени како последица на ракета што погодила стан.
Тој додаде дека друга ракета погодила туристички објект, каде што животот го загубиле три лица, од кои едно дете, а едно лице е повредено.
Братчук, исто така, посочи дека продолжуваат напорите за пребарување и спасување во областа каде што се случија нападите.