Adam Abu-bashal
01 Јули 2022•Ажурирај: 02 Јули 2022
АБУЏА (АА) - Осумдесет и двајца вооружени членови на банда се неутрализирани во воздушна операција во нигериската држава Замфара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Министерството за одбрана, Бернард Онјеуко, истакна дека во рамките на операцијата „Хадин Каи“, Армијата извршила воздушна операција против вооружени членови на банди во регионот Бакура во државата Замфара.
Онјеуко наведе дека во операцијата се неутрализирани 82 вооружени членови на банда, а многу луѓе кои биле повредени, избегале.
Државата Замфара во последните пет години е место на жестоки судири меѓу племето Фулани, чии припадници се занимаваат со сточарство, и некои племиња кои се занимаваат со земјоделство.
Нигерискиот претседател Мухамед Бухари претходно ги забрани рударските активности во државата поради безбедносни прашања.
Гувернерот на државата, Бело Матавале, на 26 јуни апелира до жителите на државата со индивидуално вооружување да се бранат од вооружените банди.
На ваквата одлука реагираа Нигериската армија и полиција.