Davit Kachkachishvili
07 Октомври 2022•Ажурирај: 08 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Бројот на загинати по рускиот ракетен напад врз југоисточниот украински град Запорожје вчера се искачи на 11, соопшти денеска официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Секретарот на Градскиот совет на Запорожје, Андриј Куртев, информира за тековните активности за пребарување и спасување.
Куртев рече дека „се знае дека се загинати вкупно 11 лица. Уште најмалку 15 лица сѐ уште се водат за исчезнати“.
Вчера, Регионалната воена управа на Запорожје објави дека најмалку 3 лица загинале, додека 12 се повредени во ракетните напади на руските сили.
Запорожје е еден од четирите украински региони, заедно со Доњецк, Луганск и Херсон, кои Русија ги анектира по „лажните“ референдуми кои меѓународната заедница остро ги осуди.
Минатата недела Путин потпиша договори со сепаратистичките власти на отцепените украински региони за нивно припојување кон Русија, по „референдумите“ одржани од 23 до 27 септември.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека одлуката на Путин за анектирање на четирите региони е невалидна.