Saadet Firdevs Aparı
07 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
ЊУ ДЕЛХИ - Најмалку 26 планинари загинаа во лавина во северниот дел на Индија, известува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за планинари приправници и инструктори од Планинарскиот институт „Нехру“ во индиската држава Утараканд.
Властите потврдија дека во лавината животот го загубиле 26 од 41 планинар, а 12 се успешно спасени.
Во соопштението што го објавија властите се наведува дека продолжуваат спасувачките активности на пребарување и спасување на три исчезнати лица.
Ашок Кумар, шеф на полицијата на Утараканд, потсети дека лавината се случи на 4 октомври на врвот на Гархвал Хималаи.
Лавините се вообичаена појава во планинските региони на Утараканд. Најмалку 200 лица ги загубија животите во свлечишта и поплави што минатата година беа предизвикани од пукањето на глечерите на Хималаите.