Ruslan Rehimov
29 Април 2022•Ажурирај: 30 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите на Руската армија во Украина загинале 219 деца, а 398 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителството на Украина соопшти дека во бомбардирањата што ги изврши Руската армија, причинета е штета на над 1.550 образовни установи, од кои 102 се целосно уништени.
Во соопштението се наведува и дека во руските напади, кои започнаа на 24 февруари, загинале 219 деца, а 398 се повредени.