Talha Yavuz
26 Февруари 2022•Ажурирај: 27 Февруари 2022
КИЕВ
Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, синоќа соопшти дека во тек се преговори меѓу Киев и Москва за одржување на преговарачки процес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Никифоров ги демантираше информациите дека Украина наводно го одбила рускиот предлог за мировни преговори.
Тој изјави дека руските и украинските официјални претставници разговараат за времето и местото на одржување на средбата.
„Го прифативме предлогот на рускиот претседател Владимир Путин. Во овој момент страните продолжуваат со консултации за местото и времето на преговарачкиот процес“, објави Никифоров.
Портпаролот на украинскиот претседател напомена дека што побргу ќе започнат преговорите, толку поголеми се шансите за враќање на животот во нормала.
Овој одговор следуваше откако портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, соопшти дека властите на Украина го одбиле рускиот предлог за преговори.
Претседателот на Украина, Зеленски, вчера го повика рускиот колега Владимир Путин на преговори, по што следуваше изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека Москва е подготвена да испрати преговарачка делегација во Минск.
Дополнително Песков соопшти дека Украина ја предложила Варшава како место за преговори, а потоа ја прекинала комуникацијата.