Dildar Baykan Atalay
26 Февруари 2022•Ажурирај: 26 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) наводно на украинскиот претседател Владимир Зеленски му понудиле евакуација од Киев со цел да се спречи да биде заробен или убиен, но Зеленски ја одбил оваа понуда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американската Влада е подготвена да му помогне на Зеленски да го напушти Киев за да избегне заробување или киднапирање од страна на Русија, објави американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски и украински официјални претставници.
Меѓутоа Зеленски ја одбил понудата, изјавувајќи дека ќе остане на чело на својата земја.
Зеленски вчера наутро изјави дека тој лично е прва цел на Русите, а втора цел е неговото семејство. Зеленски подвлече дека ќе продолжи да ја извршува својата должност и да ја брани сопствената земја.