Zehra Nur Düz
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
АНКАРА (АА) - Украина денеска предупреди дека руската војска продолжува да гради воздухопловна група вдолж источната граница на земјата, стравувајќи од нова рунда напади на три области или административни региони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Руските сили ги зајакнуваат артилериските единици, ги оптимизираат постоечките командни системи, разузнавањето и медицинската поддршка“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Украина.
Во соопштението се предупредува дека распоредувањето на ракетното оружје на руската војска останува постојана закана за цела Украина.
„Руските окупатори продолжуваат со ракетни и бомбашки напади на воената и цивилна инфраструктура во областите Харкив, Доњецк и Запорожје“, соопшти Министерството.
„Непријателот на презема активна акција во областите Волин и Полезија“, потврдија тие, додавајќи дека одредени единици на Белоруските вооружени сили продолжуваат да спроведуваат задачи за покривање на украинско-белоруската граница во регионите Брест и Гомел.
„Планираните активности за борбена обука се во тек“, се вели понатаму.
Според соопштението, руските и белоруските војници ги проверуваат личните телефони на контролните пунктови во белорускиот град Холмич, а жителите се предупредени дека украинските единици би можеле да ја нападнат Белорусија во кое било време.
Најмалку 1.932 цивили загинаа, а 2.589 се повредени досега во Украина откако Русија ја започна војната против својот сосед на 24 февруари, според проценките на ОН, а се стравува дека реалните бројки се многу поголеми.
Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека повеќе од 4,6 милиони Украинци пребегале во други земји, а над 7 милиони се внатрешно раселени.