Ali Cura
09 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
КИЕВ (АА) - Во Украина, владејачката партија „Слуга на народот“ го изнесе предлогот за нов безбедносен договор, во кој гаранти се и Турција и САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено на профилот на партијата на една од социјалните мрежи се потсетува дека Русија има барање Украина да ја признае независноста на таканаречените народни републики Доњецк и Луганск и „руската окупација на Крим“, при што се истакнува дека тоа нема да се направи, но треба да се одлучи како ќе се организираат животите на луѓето во овие земји во границите на суверената украинска држава.
Потсетувајќи дека НАТО јасно го изнесе својот став дека не е подготвено да ја прифати Украина во следните 15 години, се додава дека Алијансата не ја поддржа Украина ниту во војната.
Во овој процес, за разлика од Будимпештанскиот меморандум, се предлага да се направи договор кој ќе обезбеди целосна безбедност на Украина, и се посочува дека со овој договор, државите кои се гаранти на безбедноста, треба да преземат и конкретни политички, економски и воени чекори.
„Овие земји гаранти може да бидат САД, Турција и соседните земји на Украина. Русија, исто така, треба законски да регулира дека ја признава украинската држава и да гарантира дека нема да ја загрози нашата држава“, се вели во соопштението.