20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
СОФИЈА (АА) – Се надевам дека бугарската Влада ќе ги разгледа сите видови можности за помош на Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, нагласувајќи дека испратиле списоци до сите земји членки на ЕУ и НАТО за помош во оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба беше примен од бугарскиот претседател Румен Радев во главниот град Софија, каде што се наоѓа во официјална посета.
По состанокот во репортажата за телевизијата БТВ (BTV), еден од најголемите приватни телевизиски канали во земјата, Кулеба истакна дека за време на состанокот побарал од Бугарија помош во оружје.
„Испративме список на потреби за помош во оружје до сите земји членки на ЕУ и НАТО, од воени авиони до панцир елеци. Бугарија е членка на двете организации, но нема притисок бидејќи ги почитуваме бугарските национални интереси“, нагласи Кулеба.
Презентиравме листа на потреби за помош во оружје за сите земји-членки на ЕУ и НАТО, од воени авиони до оклопни елеци.
Нагласувајќи дека поддршката што секоја земја ќе ѝ ја даде на Украина не е ограничена само со воена помош, Кулеба додаде: „Го цениме тоа што Бугарија е домаќин на украински имигранти и нејзината поддршка за нашата интеграција во ЕУ. Се надевам дека бугарската Влада ќе ги процени сите видови можности за помош на Украина.“
Кулеба, исто така, за регионот на Црното Море да биде област на мир и просперитет, рече дека санкциите против Русија треба да продолжат.
Според соопштението на Претседателството, Румен Радев на средбата истакнал дека Бугарија го осудува нападот на Русија против Украина од првите часови од војната и го поддржува воведувањето санкции против Русија.
„Бугарија ги отвори вратите за украинските имигранти, а исто така, Бугарите им ги отворија своите срца и домови. Повеќе од 91.000 имигранти се засолнија во нашата земја“, рече Радев.
Во Бугарија, која е управувана од четирипартиска коалициска влада, прашањето за помошта со оружје за Украина предизвика контроверзии.
Еден од коалициските партнери, лидерката на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП) и вицепремиерка одговорна за економија, Корнелија Нинова, нагласи дека нема да одобрат никаква воена помош за Украина.
Нинова, критикувајќи ги санкциите против Русија, рече: „Ако се испрати макар и еден куршум во Украина, ќе ја напуштиме коалицијата како партија.“