Seda Sevencan
30 Ноември 2022•Ажурирај: 01 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот останува тешка бидејќи руските трупи прават обиди да напредуваат во регионите Доњецк и Харков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„И покрај екстремно големите загуби на руска страна, окупаторите сè уште се обидуваат да напредуваат во регионот на Доњецк, да создадат упориште во регионот на Луганск и кон регионот Харков. Тие планираат нешто на југ“, рече Зеленски во видеопорака.
„Но, ние издржуваме, и што е најважно, не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери. Тие рекоа дека ќе го освојат регионот Доњецк во пролетта, летото, есента. Оваа недела веќе започнува зимата“, истакна Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека Украина веќе соработува со многу земји и меѓународни организации, меѓу кои и со Меѓународниот кривичен суд за „секој руски убиец“ да ја добие својата казна.
„Но, за жал, достапните меѓународни правни инструменти не се доволни за правда“, додаде тој.
Зеленски, исто така, ја нагласи потребата од формирање специјален трибунал, покрај Меѓународниот кривичен суд, за да им се суди на виновниците во војната.