ГАЗА (АА) – МУХАМЕД МАЏИД –
Во Појасот Газа, каде што израелските напади предизвикаа невидено разурнување, уметноста се наметнува како моќно средство за сведочење за злосторствата на израелската власт, но и како начин за повторно разгорување на надежта во срцата на Палестинците, пишува Анадолу.
Среде купишта урнатини и камповите подигнати од раселените Палестинци, уметниците ги користат четките и платната за да ја документираат болката предизвикана од геноцидот – загубите, присилното раселување, гладот и лишувањата.
Дел од уметниците, пак, урнатините од домовите уништени во израелските напади ги претвораат во шарени уметнички дела, испраќајќи порака за опстанок и живот, спротивставувајќи се на сивилото на војната.
Од октомври 2023 година, Израел во нападите врз Појасот Газа уби над 70.000 Палестинци, главно жени и деца, повреди повеќе од 171.000 лица, а околу 90 проценти од цивилната инфраструктура беше уништена. И покрај прекинот на огнот што стапи во сила на 10 октомври 2025 година, Тел Авив продолжи да го прекршува договорот, што резултираше со нови цивилни жртви.
Иако Израел ги негира злосторствата, вклучително и намерното нишанење деца и изгладнувањето на цивилното население, фактите и доказите на теренот ја откриваат реалноста.

Во тој контекст, Палестинците ја прифаќаат уметноста како средство за колективна меморија и отпор, со цел светот да не заборави.
- Надеж родена од урнатините -
Во бегалскиот камп Ел-Мегази, во централниот дел на Појасот Газа, палестинските уметници ги претворија урнатините од разурнатите згради во живописни уметнички дела.
На едно од нив е прикажана легендарната птица феникс што се издига од урнатините, симболизирајќи ја отпорноста и волјата на Газа повторно да се издигне. Меѓу впечатливите мурали е и ликот на палестинска жена со натпис „Газа“ на облеката, која со раширени раце ги прегрнува зградите.
На друг мурал, на разурнат ѕид, се прикажани ракети што паѓаат од небото и цвеќиња што никнуваат од земјата, со зборот „Газа“ испишан на англиски јазик. На делата се појавуваат и пораки на надеж, како и цитати од палестинскиот поет Махмуд Дарвиш: „На оваа земја има нешта што вреди да се живее“ и „Сè додека има мајчина душица и маслинки, ќе постоиме и ние“.
- Сведоштво што ја пренесува болката на платно -
Меѓу уметниците што ја пренесуваат болката од геноцидот во своите дела е и палестинскиот уметник Мухамед ел-Магари, дипломец на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Ал-Акса.

И покрај ограничените услови, Магари продолжува да работи во мала просторија од брановидна ламарина во Деир ел-Балах. Неговите дела ги прикажуваат секојдневните тешкотии со кои се соочуваат Палестинците во Газа.
На сликите се појавуваат изморени деца со празни садови како симбол на гладот, стари лица во потрага по храна за своите деца, како и жени што влечат канистри со вода низ урнатините. Со овие сцени, уметникот укажува на политиките што ги осудуваат цивилите на глад и жед.
Чест мотив се и животот во шатори, готвењето со дрва и лисја, како и превозот со коли за животни. Магари за АА изјави дека значаен дел од своите дела посветил на симболот „шатор“, како потсетник на Накбата од 1948 година, кога стотици илјади Палестинци беа протерани од своите домови, со цел „војната да остане запишана во човековата меморија“.
- Создавање и покрај недостигот од материјали -
Палестинските уметници во Газа се соочуваат со сериозен недостиг од услови за работа, откако нивните ателјеа и домови беа уништени во нападите. Многу уметнички дела се создаваат со ограничени материјали извлечени од урнатините.
Поради затворените гранични премини, дури и основните уметнички материјали тешко стигнуваат до Газа, што ги принудува уметниците да работат со примитивни средства.
И покрај тоа, тие продолжуваат да вклучуваат национални симболи, како клучот што ја претставува надежта за враќање на раселените Палестинци од 1948 година, одржувајќи ја жива меморијата за загубите и разурнувањето.
news_share_descriptionsubscription_contact
