Mehmet Yılmaz
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
БУДИМПЕШТА
Безбедносните сили на Унгарија спречија речиси 600 нерегуларни мигранти да влезат во земјата во последните три дена, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на полицијата се вели дека околу 598 мигранти биле вратени од границите.
Според соопштението, 1.295 мигранти беа запрени да влезат во земјата од 24 до 30 јануари и 1.872 други меѓу 31 јануари и 6 февруари.
Исто така, најмалку 21 лице биле приведени под сомнение за шверц на луѓе во текот на минатата недела.
Унгарија постави ограда од бодликава жица по должината на границите со Србија и Хрватска во обид да ги запре нерегуларните мигранти, прогласувајќи вонредна состојба на граничните области и зголемувајќи ги казните за нелегални премини.