Hamdi Yıldız
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Египетскиот Универзитет „Ел Езхер“ од меѓународната заедница побара да застане против одлуката на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ (Франција) за повторното објавување на навредливи карикатури на веровесникот Мухамед, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Универзитетот „Ел Езхер“ се наведува: „Инсистирањето на кривичното дело со повторно објавување на навредливите карикатури претставува разгорување на чувствата на религиозни теми и се смета за неоправдана провокација.“
Во изјавата се бара меѓународната заедница да заземе цврст став против нападот врз светите закони и симболи на муслиманите.
Во тој контекст, Центарот за набљудување на исламофобијата кој е дел од египетското муфтивство, ги повика западните влади и парламенти да донесат закони за кривично дело, навреда на верските симболи и светини против одлуката на „Шарли Ебдо“.
Центарот ги повика интелектуалците од светот да застанат против овој расистички дискурс што го вовлекува целиот свет во конфликт.