Adam Abu-bashal
24 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
АБУЏА
Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека оваа година во Нигерија биле киднапирани 1.440 ученици, известува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот објавен од УНИЦЕФ се наведува дека нападите насочени кон училиштата во Нигерија продолжиле да се зголемуваат.
Се истакнува дека од јануари во земјата се нападнати 25 различни училишта, а во овие напади киднапирани се 1.440 ученици.
Исто така, се наведува дека децата оние кои претежно се цел на напади кои со години се случуваат во западноафриканските земји. Во извештајот се упатува повик до нигериската влада на итна акција за спречување на ваквите инциденти.
Во нигериските држави Бенуе, Кадуна, Плато, Кацина и Замфара, ученици од голем број училишта се киднапирани во последните месеци.
Голем број училишта и универзитети мораа да го прекинат образованието поради нападите.